[Галерија] Спектакуларниот метеорски дожд Персеиди

Жителите на Земјата синоќа беа сведоци на метеорскиот дожд Персеиди, традиционален феномен, кој според астрономите, годинава е особено спектакуларен.

Ваква појава не се случило од 2007 година, а синоќа феноменот го достигна врвот осветлувајќи го небото во неколку предели на Земјата. Метеорскиот дожд Персеиди годинава е активен од 13 јули, па се до 26 август. Тој потекнува од опашката на кометата Свифт-Татл, која додека прави круг околу Сончевиот систем, остава зад себе облак од метеориди  што продираат во земјината атмосфера со брзина од шеесетина километри во секунда.

Во видеото е прикажан метеорот Персеиди набљудуван од Велика Британија, а подолу погледнете неколку фотографии од метеорскиот дожд низ целиот свет.

Извор: Mashable