[Галерија] Современите филмови како класици од златното доба на Холивуд

Додека учел за филмската уметност на факултет, Peter Stults измислувал сценарија и ги претворал во постери. Петнаесет години подоцна, овој графички дизајнер од Њујорк прави современите филмови да изгледаат како класици со серијалот постери What If.

За да ги направи постерите користи комбинација од колаж и Photoshop.

„Луѓето претпоставуваат дека не сакам современи филмови. Сакам, но сум привлечен кон уметноста на постерите од златното доба“, вели.

Тој поминува недели, понекогаш и месеци истражувајќи режисери, актери и студија со цел да направи постерите да изгледаат колку што е можно поавтентично.

„Сакам кога ги намамувам луѓето да помислат дека современиот филм е само римејк на филмот од мојот постер. Ако можам да го направам тоа, значи дека добро си ја вршам работата“, вели Stults.

Извор: Guardian