[Галерија] Со пораката „Трчањето ќе ве промени“ се одржа 16-тиот Скопски маратон 2020

Под мотото „Трчањето ќе ве промени“ денес на скопските улици се одржа 16-то издание на најмасовната спортска манифестација во градот Виз Ер Скопски Маратон 2020.

Во машка конкуренција победи Серхиј Шевченко од Украина, додека во женска Луиза Гега од Албанија. Од македонските учесници на Државното првенство во маратон на Македонија победници беа Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова.

Оваа година на “Виз Ер Скопски Маратон” учество зедоа околу 1.500, полумаратонци и рекреативци, а трката се организираше под посебни услови поради светската пандемија на корона вирусот.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата преку фотографиите на Град Скопје: