[Галерија] Слики од светлина прекршена преку призма

Стивен Нап создава дела кои се трансформираат во зависност од светлината подолго од триесет години. Неговите живи инсталации на светлина, кои ги нарекува слики, ги создава со минимална употреба на алатки, едноставно спроведувајќи ја светлината низ призми и „поставувајќи“ ги боите на ѕидовите од просторијата.

Инсталациите не се претходно нацртани или скицирани, туку Нап ги создава спонтано, движејќи се интуитивно за да ги создаде уникатните шари од светлина.

„Забавното во тоа што јас го правам со светлината, е што нема ништо во нашата визуелна меморија што ме подготвува за тоа што јас го правам“, вели Нап во краток филм за неговата работа. „Фактот дека правам нешто што може да се направи само со светлина, дека нема боја на овие панели, е апсолутно зачудувачко за луѓето. Она што се трудам да го направам е да го предизвикам секое традиционално разбирање за перцепцијата“.