[Галерија] Слики направени само со Microsoft Paint

Дизајнерката од Сиднеј, Миранда Лорикет, позната во и под името„Lazy Bones“ креира интересни слики користејќи Microsoft Paint, омилената комјутерска алатка од 90-тите години на секое дете.

Пред да почне да ги истражува можностите на Paint, таа вели дека воопшто не размислувала за дигиталната уметност.

„Боев со водени бои и цртав со молив во средно училиште, се обидов со сликање , но не бев многу добра во тоа“, објаснува таа за BuzzFeed.

Работата со едноставната компјутерска алатка како MS Paint бара мирна рака и многу трпение, вели младата дизајнерка.