[Галерија] Славата на југословенскиот дизајн (3)

Македонскиот графички дизајнер Зоран Кардула го објави третиот дел од своите редизајни на познати постери од Југославија, на сајтот „Bored Panda“.

Инспирацијата продолжува, вели тој. „Понекогаш се прашувам ‘Како можев да заборавам да го редизајнирам ова лого?’

Југославија е неговата омилена поранешна држава, која според него, е уникатна и поттикнала многу уметнички идеи и дела, токму поради разноликоста на култури, обичаи и традиции.

ЗОРАН КАРДУЛА, ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР КОЈ ГИ РАЗБУДИ СЕЌАВАЊАТА ОД ЕКС-ЈУГОСЛАВИЈА

Во продолжение, погледнете ги неговите нови редизајни на познати југословенски постери.