[Галерија] Скулптури создадени со илјадници шајки

Скулпторот Маркус Левин создава реплики на човечки тела, ковајќи шајки на прецизни точки. За тие уметнички дела му се потребни недели, понекогаш и месеци, а за секое од нив користи илјадници шајки.

Своите идеи ги пренесува на големи дрвени панели, ковајќи ги шајките на различна висина и ширина за да го создаде тонот и текстурата. Поголемиот дел од неговите скулптури се прикази на човечката форма.

„Оригиналната идеја беше да ги поврзам шајките за да создадам други, поапстрактни скулптури, но сфатив дека играта меѓу дефинираните агли и меките кривини на човечкото торзо ќе биде повпечатлива“, вели скулпторот.