[Галерија] Силната врска меѓу момче и птица спасена од смрт

Приказните за силната врска меѓу луѓето и домашните миленици се чести, но многу ретко овие миленици имаат крилја и живеат слободно. Таков е случајот на фотографот Cameron Bloom чиј син Noah се грижел за малата птица која дошла во нивниот дом во Австралија. Во консултацијата со ветеринар, семејството учело како да се одгледува малата птица која останала сираче и ја нарекле Penguin.

Една година подоцна, љубопитната птица вистински се поврзала со семејството, а иако живее слободно, таа секогаш се враќа во домот на семејството кое ја спасило од сигурна смрт. Ваквата врска на детето и  птицата, таткото ја овековечил засекогаш во неговите фотографии, пишува Colossal.