[Галерија] Шестнаесетгодишна уметница ги слика своите соништа

Dimitra Milan, како ќерка на двајца уметници, била запознаена со уметноста од најмала возраст. Учела дома место да оди на училиште за да посвети повеќе време на уметноста.

Откако завршила средно училиште предвреме, се запишала на уметничка академија и се бави со сликање и професионално. Основен мотив во нејзините слики се нејзините најчудни соништа.

„Најважниот совет кој го добив од моите родители беше демонстрацијата на работната етика. Ме научија дека не мора секогаш да бидеш расположен за сликање. Едноставно сликаш. Секој ден, по осум или девет часа без престан, како со секој друг кариерен избор. Како и сѐ друго во животот, треба работа, страст и посветеност за да станете успешни“, вели Milan за MyModernMet.