[Галерија] Шарените подови на Париз

Себастијан Ерас ги фотографира уникатните и шарени подови кои ги открил шетајќи низ Париз.

„Со главата во облаците, често забораваме на убавината која се крие под нашите стапала“, вели Ерас.Тој сака да нé потсети на убавината која може да ја откриеме гледајќи надолу, со своите фотографии од париските подови.

Без разлика дали станува збор за обоени плочки, мозаици или други дизајни, подовите кои Ерас ги фотографира се навистина уметнички дела.


Извор: boredpanda