[Галерија] Секојдневниот живот во најголемиот сириски град

Фотографот Валериј Ширафулин го документира секојдневниот живот на луѓето кои останале во Алепо, пет години после почетокот на граѓанската војна во Сирија.

И покрај разорувањето во градот и битките кои сé уште траат, многу жители се обидуваат да го продолжат својот живот најдобро што можат.

Момчиња полнат пластични туби со питка вода од резервоар, за да однесат дома на своите семејства.

Фотографија од птичја перспектива од градот кој пред војната имал население од повеќе од 2 милиони лица. Речиси половина од вкупно 22 милиони жители во Сирија ги напуштија своите домови.

Цели соседства се срамнети со земја од воздушните напади и бомбардирањата, кои систематски целат кон главните патишта околу градот и сите негови излези.

Откако започна војувањето во Алепо во 2012, градот стана едно од најопасните места за живеење во светот.

Извештај од Сирискиот центар за истражување на политиките вели дека просечниот животен век во Сирија се намалил од 70 на 55,4 години во 2015 година. Околу 11,5 посто од жителите се повредени или убиени откако почнала војната.

Неколку продавници се сé уште отворени за преостанатите жители.

Долги редици за купување на бензин.

Девојка на фризер, во областа Салах ал-Дин.

Пешачењето низ урнатини е нормално. Ова е сé што останало од уништените згради.

Човек ја мести својата сателитска антена во делумно уништена станбена зграда.

Месарницата крај уништените згради сé уште работи.

Камион поминува крај изгорено воено возило.

Алепо е поделен меѓу режимот на Асад и опозицијата.

Ако Алепо падне, властите веруваат дека тоа ќе донесе уште стотици илјади бегалци кон Турција.

Пушка виси на ѕид веднаш до музички инструменти, во дом во соседството Шеик Максуд.

Деца си играат во стар автобус, кој стои пред урнатините на уништен станбен блок во предградието.

Поглед кон уништената цитадела од 13-тиот век кој гледа кон стариот град, заштитен од Унеско како културно наследство.

Извор: Guardian