[Галерија] Седум децении Музеј на град Скопје

Музејот на град Скопје вчера одбележа 70 години од постоењето, а јубилејот го симболизираше со издавање на монографијата „70 години Музеј на град Скопје“.

Во неа, на 300 страни и со над 200 фотографии, се претставени сите музејски предмети и уметнички дела од збирките на музејот, а монографијата истовремено ги обединува сите значајни настани и печатени изданија што се резултат на работата на неколку поколенија музејски дејци, пишуваат од Музејот.

Уредници на монографијата „70 години Музеј на Град Скопје“ се Емил Алексиев и Фросина Зафировска, во соработка со Небојша Гелевски и Ема Велковска од студиото за дизајн „Кома“.

 

Градоначалкот на град Скопје, Петре Шилегов на вчерашната промоција на јубилејната монографија, соопштил дека за реновирање на Музејот се одвоени еден милион евра, а реконтрукцијата ќе започне во текот на наредниот месец.

По повод јубилејот во Музејот на град Скопје беа отворени неколку изложби, а поставките ќе бидат достапни за јавноста до 12 март.

„Реконструкцијата ќе овозможи овој објект да блесне во полн сјај и целото богатство кое го има да биде презентирано на многу поубав начин. Јавноста ќе биде изненадена кога ќе го реотвориме музејот“, истакнал Шилегов.

Во продолжение, погледнете дел од вчерашната ноќ во музејот:

 

 

 

 

View this post on Instagram

 

70 години Музеј на Град Скопје (МГС) На 12 февруари со промоција на монографијата „70 години Музеј на градот Скопје“ со почеток од 13 часот ќе биде одбележан јубилејот на @muzejnagradskopje Од 20 часот вечерта, во првата изложбена сала со видеопрезентација преку фотографии во проекција од 360 степени, ќе бидат претставени активности и настани од основањето до денес, додека во втората изложбена сала ќе биде претставен дел од збирката на плакати за настани во седумдеценискиот период. Во третата изложбена сала ќе може да се погледне изложбата со дел од најзначајните експонати од збирките на музејот, уметнички дела, преглед на најзначајните настани, но и избор од најзначајните публикации. #instanews #мквести #radiomof #мгс #музејнаградскопје #уразакултура #скопје #изложба #skopje

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on