[Галерија] Седница на Советот на Град Скопје среде пандемија

Советот на Град Скопје денеска одржа седница на отворено, на просторот пред салата на Советот на Град Скопје, во време на вонредна состојба во државава поради пандемијата со  коронавирусот. Од Градот посоќија дека просторот е дезинфициран, сите присутни имаат добиено добијат заштитни маски и ракавици, додека местата за седење се поставени на соодветно пропишаното растојание.

На 50-та  редовна седница советниците ги разгледуваа Предлог – Годишна сметка на Буџетот на Град Скопје за 2019 година и Годишниот извештај на Град Скопје за 2019 година. На 6-та вонредна седница пак е најавено дека ќе се расправа за економските мерки што ги презема Градот, кој е најголема движечка сила во македонската економија, за ублажување на економските последици од настанатава состојба. Денеска Советот ги разгледуваше и предложените годишни финансиски извештаи на јавните претпријатија на Град Скопје, на средните училишта на Град Скопје, на културните институции, како дел од точките што беа на дневниот ред за работа.

Дел од одлуките во продолжение: