[Галерија] Во Битола се снима филмот „Долу од рајот“

Пред два дена започна снимањето на краткометражниот филм „Долу од рајот“ на младиот македонски режисер Саша Станишиќ, а по сценарио на Кристина Христова- Николова.

IMG_9963

Снимањето ќе трае уште 4 дена на повеќе локации во Битола. Ова е трет филм на режисерот Саша Станишиќ. Автор е на два краткометражни филмови „Мангава Диско Панк“ кој беше дел од омнибусот „Скопје Ремикс“ и „Митот за Сара“.

Главните улоги ги играат Ана Ошавкова, Зоран Бојаровски, Кристина Христова- Николова и Соња Ошавкова. Директор на фотографија е Горан Наумовски, сценограф Влатко Зафирковски, костимограф Бурим Муслиу.  Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Р.Македонија, Националниот филмски центар во Бугарија и СЕЕ Синема Нетворкс.

IMG_0267 (1)

IMG_0124 (1)

IMG_0043 (1)

IMG_0015 (1)

IMG_9977

IMG_9799