[Галерија] Се распаѓа Спортскиот центар во Тетово

Интернет-страницата Portalb  објави фотографии од Спортскиот центар во Тетово, на кои се гледа како овој комплекс,  на кој израснаа генерации млади од градот, буквално се распаѓа. Од некогашните детски игралишта, спортски терени и зелени површини, останати се само купишта ѓубре, рѓосано железо и скршени огради. Фотографиите од Спортскиот центар личат на оние од украинскиот град Припјат по нуклеарната катастрофа во Чернобил.

Со Спортскиот центар во Тетово раководи концесионер, на кој Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти му го има препуштено комплексот уште пред десетина години. Но, концесионерот ги избегнува одговорите на новинарските прашања за лошата состојба во која се наоѓа центарот.