[Галерија] Самоук кинески фотограф со око за чудни детали

До неодамна,Тао Лиу бил службеник на водоводно претпријатие, заинтересиран за фотографија. Но, луѓето почнале да ги забележуваат неговите интелигентни фотографии направени по улиците на градот Хефеи.

„Наоружан“ со неговиот апарат Fujfilm X100, Лиу, на пауза од работата, со која патувал и ги читал водомерите, ги сликал обичните луѓе во необични ситуации. Сега, тој е меѓу најбараните улични фотографи во Кина, откако фотографиите што ги објавил на интернет предизвикале големо внимание.

Луи вели дека неговата цел е „да ги потсети луѓето на моментите во животот кои ве допираат“.