[Галерија] Русите имитираат уметнички дела во самоизолација

Додека илјадници Руси се наоѓаат во изолација поради пандемијата со коронавирусот, дел од нив на забавен и креативен начин се обидуваат да го пополнат слободното време затворени помеѓу четири ѕидови. Со предметите во својот дом тие се обидуваат да ги рекреираат некои од најпознатите уметнички дела во реалниот живот.

Фотографиите, заедно со оригиналните уметнички дела се споделуваат на Фејсбук страницата „Изоизолација“, која веќе има преку 210 илјади членови, а меѓу имитациите се наоѓаат најразлични дела од античкиот период, преку италијанската ренесанса па се до модерната уметност.

Меѓу стотиците уметнички дела, на страницата се постирани препознатливите ремек-дела на Пикасо, Дали, Да Винчи, Ван Гог, Кандински, Ворхол и многу други. Од „Мона Лиза“, преку „Раѓањето на Венера“, па сè до најновите графити на уметничкиот артист „Бенкси“. Додека дел од нив се потрудиле делата да ги „прекопираат“ најдобро што можат, други пак се решиле во нивните имитации да вметнат малку хумор.

Ние објавуваме дел од највпечатливите фотографии, а на Фејсбук страницата „Изоизолација“ може да најдете уште многу други креативни имитации.