[Галерија] Ретки животни спасени од црните пазари кои денес се згрижени

Засолниште во Агуа Дуче, Калифорнија, започна соработка со фотографка од Лос Анџелес, за да покаже убавината и силата на животните кои имале среќа да бидат спасени од црни пазари. Трговците кои сакаат да заработат од овие ретки видови ги лишуваат од слобода, ги изгладнуваат, а животните неретко го губат и животот.

Серијалот фотографии именуван “Where the wild things are” е соработка на Енимал Трекс и фотографката Наташа Вилсон. На сликите има различни животни, кои требало да бидат продадени како миленичиња на црниот пазар на Калифорнија. Меѓу нив има јужноафрикански капучино мајмунчиња, австралиски кенгур и кукабура и африканска дива мачка.

Скаут е петгодишен хибрид меѓу волк и куче и моментално е болен од стеноза на ’рбетот. Спасен е од филмската индустрија, откако го напуштиле поради неговиот медицински проблем, бидејќи требало да се плати специјализиран дом за него.

Бам-Бам е смејачка кукабура порасната во заробеништво, а е стар околу девет години. Бил нападнат од друга птица и го изгубил долниот дел од неговиот клун. Сега е зависен од засолништето за да добива храна и вода. Тој е гласот на Енимал Трекс.

Монзо е едно од последните животни од оригиналното „семејство“ на Енимал Трекс. Има 11 години и е африканска дива мачка, со средна големина. Бил конфискуван од засолниште од човек кој го купил нелегално.

Бела Ру е петгодишна женка од видот црвени кенгури. Живее заедно со својот „сопруг“, валабито Винстон, исто така од Австралија. И двете животни се спасени од луѓе кои илегално ги чувале во своите домови.

Лук е седумгодишно мајмунче-верверичка. Имал сопственик и се степал со друг мајмун, па во борбата ги изгубил сите прсти на неговата десна дланка.

Бодликавото прасе Киламениа живее во засолништето од 2008 година, заедно со својот партнер Ал Шарптон. Немало место за нив во друго засолниште, па ги преселиле во Енимал Трекс.

Ова семејство кавиви е старо само две години. Доаѓаат од Аризона, каде биле напуштени од непознати причини од нивниот претходен сопственик. Кавивите се глодачи кои потекнуваат од Јужна Америка, од истото семејство како и домашните морски прасиња.

Хамни Бер и Луна се кинкаџуи, едното старо три години, а другото само една. Хани Бер е доселена од друго засолниште, а Луна била нападната од својата мајка во Минесота, по што била посвоена од Хани Бер.

Џејк и Ками се птици од видот кукату, а претходно биле нечии миленичиња. Сопствениците не можеле да се грижат за нив, па сега пејат на музиката на Квин и Блу Свид во засолништето.

Алигаторот Чомпер има седум години. Бил конфискуван од некој кој го чувал во кадата. Кога ќе порасне ќе биде долг околу 4,5 метри и ќе тежи околу 370 килограми.