[Галерија] Рекордни 12.500 учесници на 15-тиот „Скопски маратон“

Рекордна бројка од над 12.500 натпреварувачи од 58 држави денеска учествуваат на 15-тиот „Скопски маратон“. Маратонците се натпреваруваат во маратон, полумаратон, мешан штафетен маратон и на ревијалната трка на пет километри.

Како што соопштија организаторите на маратонот, наградниот фонд ќе изнесува 18.000 евра, а најдобрите, заедно со бонусите за евентуалните рекордни времиња, ќе добијат и до 5.000 евра.

Од Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје информираа дека за време на одржување на маратонот граѓаните може да се обратат на штандот бр. 20  на Клиниката и да се запишат во Националниот дарителски регистар на коскена срцевина.

На штандот ќе бидат ангажирани стручни тимови од Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје и Институтот за Имунологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје, кои стојат на располагање да го објаснат процесот на зачленување во регистарот. Ќе бидат обезбедени услови за дарување на една епрувета крв-5 милилитри кои се доволни за да се направи ХЛА типизација. Со овој гест граѓаните може да се приклучат на глобалното семејство кое брои над 30.000.000 доброволни дарители на коскена срцевина во светот.

Од Град Скопје и ЈСП  соопштија дека поради одржување на маратонот дел од автобуските линии што сообраќаат на трасатата на која ќе се одржува маратонот ќе имаат изменет режим на возење:

Туристичката линија „City tour“ нема да вози цел ден.

Линијата 25 и 59 А нема да возат во периодот од 8 до 10 часот.

Од 8 до 10 часот, по вообичаената траса ќе возат:  2, 2А, 12 и 19 и сите приградски линии.

Од 7 до 14 часот, по вообичаената траса ќе  возат: 2, 2А, 12, 19, 20, 25А, 25Б, 42, 45 и 65В, како и приградските линии: 11, 11А, 18, 18А, 32, 47, 47А, 52, 53, 55, 56, 56А, 60, 61, 62, 63, 63А, 63Б, 65, 66, 66А, 68, 69, 71, 81 и  118.

По изменети траси, користејќи ги околните сообраќајници, ќе  возат линиите:

3, 3Б, 4, 5, 7, 8, 9, 15, 15А, 16, 17, 20, 21, 21А, 22, 22А, 23, 24, 27, 28, 50, 45, 52, 53, 55, 62, 63, 63А, 65, 65В, 66, 66А, 68, 69, 18А, 47, 47А, 61, 71, 81, 11, 11А, 18, 32, 56, 56А, 60, 118, 57, 59, 31, 41, 51, 67, 70, 74, 58, 73.

На веб-страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk може да се видат трасите на линиите кои ќе возат изменето од вообичаениот режим.