[Галерија] Реката Треска претворена во пловечка депонија

Пластични шишиња и отпад го дополнуваат пејзажот на реката Треска во Кичевско, наспроти селата Карбуница и Староец. На социјалните мрежи се раширија фотографии од реката Треска, на кои се забележуваат илјадници пластични шишиња и различен отпад кои се заглавени по коритото на реката.

„Реките ги претворивме во пловечки депонии“ пишува Алексоски Миле, во неговата оригинална ФБ објава, која пред неполни 24 часа го доби вниманието на јавноста.

Во продолжение, погледнете ги фотографиите кои Алексоски ги сподели со јавноста.