Диорамата е тридимензионална слика, чие создавање од уметникот бара многу талент и трпение.
Strange Worlds на Matthew Albanese
Strange Worlds е сет на хиперреалистични минијатурни светови кои ја истакнуваат убавината на природата и умешноста на уметникот.
Albanese вели дека комбинацијата од класични трикови со фотоапарат и специјални ефекти кои прават неговите диорами да изгледаат реалистични.
„Повеќето луѓе не сфаќаат колку многу мојата работа зависи од фотографскиот процес“, вели тој. „Минијатурите сами по себе се сосема поразлични гледани со голо око, отколку преку објектив“.
Секоја диорама на Albanese му одзема од еден до седум месеци работа. Сепак, вели дека би работел побрзо кога би немал редовна работа.
Bernard Family Hall of North American Mammals изложбата во Американскиот музеј за природна историја
Овие диорами се со реална големина и за нив се употребени препарирани животни чие природно живеалиште се наоѓа во САД.
„Овие диорами се уникатни уметнички дела, кои се базираат на теренски истражувања и индивидуални примероци собрани на терен од музејски куратори“, вели Ross MacPhee, куратор на изложбата. „Мислам дека посетителите ги гледаат овие диорами и препарираните примероци со разбирање дека тие служат како потсетник за суштествата кои сé уште живеат меѓу нас и дека и тие животни се под закана“.
The Hall of North American Mammals, во која се вклучени вкупно 43 диорами, била повторно отворена во 2012, после цела година теренска работа.
The City на Lori Nix
Овие минијатурни светови се истовремено прекрасни и страшни. Преку нив, уметницата сака да покаже како би изгледал пост-апокалиптичниот свет.
„Заинтресирана сум во прикажувањето на опасност и катастрофа“, пишува на веб страницата на Nix. „Во The City, имам замислено град од иднината, каде нешто – кое настанало природно или како резултат на човештвото – го испразнило градот и во него нема жители“.
Nix ги полни своите диорами со растенија, инсекти и мали животни, покажувајќи како би го освоиле повторно тоа што било нивно пред луѓето да почнат да владеат.
Извор: Mashable