[Галерија] Прво издание на „Трчај бе“ – над 700 натпреварувачи трчаа во Битола

Вкупно 770 натпреварувачи од 10 земји, меѓу кои македонската атлетска елита и актуелната балканска шампионка, викендов ја истрчаа Битола на првата градска трка „Трчај бе“, организирана од група ентузијасти кои решија Битола да стане град на трчачи.

Тие неколку месеци интензивно ја ширеа идејата дека и Битола треба да добие градска трка и да стане град во кој луѓето ќе се поттикнат да трчаат. Пријавени беа поединци и тимови од многу комапнии, факултети, здруженија и семејни тимови.

„Трчај бе“ кампањата се водеше исклучително преку социјалните медиуми, вклучувајќи жители од Битола со цел да покаже дека „обичните” херои трчаат на Трчај бе.

Во категорија 5 км жени, првото место го освои Миљана Ристиќ (19 мин 51 сек), воторото Виолета Ивановиќ и третото Марија Пеликон, сите три од Македонија. Во категоријата на 5 км трка на мажи, Кристијан Стојани (16 мин 43 сек) беше прв а по него, Наум Танески и Григоријан Никовски од Македонија.

На трката 10 км за жени, првото место и припадна на Теодора Симовиќ од Србија (34 мин 50 сек), додека од Македонија второто и третото го освоиа Адријана Поп Арсова и Билјана Кираџиева. Кај мажите на 10 км трката првото место го освои Кокан Ајановски (33 мин 43 сек), второто Атанс Анчевски и третото Димитар Петровски, сите од Македонија.

Фотографиите се микс од Горан Кузмановски, Кети Талевска и Shoot and shine.