[Галерија] Провладин камп за поддршка на Владата спроти Собрание

Педесетина граѓани денеска кампуваа пред Собранието во Жена парк, во новопоставениот камп за поддршка на политиките и проектите на Владата, а против опозицијата.

[Галерија] Провладин камп за поддршка на Владата спроти Собрание

Шаторите започнаа да се поставуваат синоќа, веднаш по големиот провладин собир на кој присуствуваа десетици илјади луѓе кои ја поддржуваат владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кој дојде како одговор на протестот на обединетиот граѓански и опозициски фронт за оставка на Владата од 17 мај.

[Галерија] Провладин камп за поддршка на Владата спроти Собрание

[Галерија] Провладин камп за поддршка на Владата спроти Собрание

[Галерија] Провладин камп за поддршка на Владата спроти Собрание

Во кампот се уште течат првите подготвки за престојување, се поставува бина, нови шатори, а има и диџеј кој пушта музика, слично како и во анти-владиниот камп пред Владата поставен пред три дена. Се носат сокови, води и спакувани сендвичи во гајби за поминување на првиот ден под отворено небо.

[Галерија] Провладин камп за поддршка на Владата спроти Собрание

 

[Галерија] Провладин камп за поддршка на Владата спроти Собрание

Камперите со кои поразговаравме велат дека немаат ништо против никого, и дошле да кампуваат пред Собранието за да ги поддржат проектите на Владата и нејзината работа. Дел од луѓето во паркот кои носеа маички со партиски симболи на ВМРО-ДПМНЕ, велат дека немаат никакви барања.

[Галерија] Провладин камп за поддршка на Владата спроти Собрание

 

[Галерија] Провладин камп за поддршка на Владата спроти Собрание

„Тука сме од синоќа, немаме ништо против никого, не протестираме, туку само сме дојдени тука за поддршка на Владата за реализација на проектите кои ги има замислено и за сето тоа што го има остварено досега. Не сме против никого“, вели една граѓанка која сакаше да остане анонимна. На прашањето кое е нејзиното мислење за другиот камп поставен пред Владата каде граѓаните бараат оставки, таа рече дека „секој си има право на свое мислење“.

[Галерија] Провладин камп за поддршка на Владата спроти Собрание

Друг граѓанин пак, кој седеше на една од клупите во паркот вели дека се уште не кампува, но доколку му донесат шатор, ќе му се придружи на кампувањето.

„Протестираме заради деструктивните политики на опозицијата кои моментално ги тера во нашата држава, ова се луѓе, овие луѓе се тука да ги поддржат сите оние позитивни политики што оваа Влада ги прави за овој македонски народ…Грото од луѓето овде се млади како што гледате, овие луѓе во овие девет години ја добија шансата во Македонија и не сакаат да бидат втурнувани во насилство ниту во војна. Затоа ова е начин да го изразиме нашиот револт на сите оние деструктивни сценарија на опозицијата. Ние не сме за пуштање на аудио снимки кои се криминал, за да се дојде на власт“, изјави трет граѓанин кој исто така сака да остане анонимен.

[Галерија] Провладин камп за поддршка на Владата спроти Собрание

Провладините кампери најавуваат дека ќе останат пред Собранието, „се додека не престане деструктивната политика на опозицијата“ во земјата.

[Галерија] Провладин камп за поддршка на Владата спроти Собрание

Истовремено продолжува и кампувањето пред Владата каде веќе трет ден голем број граѓани, активисти и опозициски политичари најавуваат дека ќе останат во кампот „до дефинитивниот пад на Груевски“.

До 16 часот присутните ќе можат да го погледнат хуманитарниот базар во кампот и да купат дел од производите изработени од вештите раце на занаетчиите. Од 16 до 18 часот е најавен турнир во табла и рекреативни активности, додека после 18 часот, свои обраќања ќе имаат Радмила Шекеринска (политичарка), Жарко Трајаноски (активист за човекови права), Румена Бужаровска (универзитетска професорка), Томислав Кежаровски (новинар) и Васко Лазаревски (активист, паркобран). Модераторка на настанот е Ирена Ристиќ.

К.О.