[Галерија] Протестен марш против нагрдувањето на Скопје

Голем број граѓани вчера излегоа на протестен марш за да го исразат своето незадоволство од проектот „Скопје 2014“ со кој целосно се измени ликот на центарот на градот. Тие маршираа од кампот на слободата кој веќе 15 дена е сместен пред владината зграда, се до Министерството за култура.

За денеска пак во кампот е најавена дискусијата „МРТ – Јавен сервис на граѓаните или огласна табла на Владата?” со Катерина Цаневска Арсовска како модераторка и говорниците Зоран Фидановски, член на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Сефер Тахири, универзитетски професор,  Санта Аргирова, поранешна новинарка во МТВ, Биљана Бејкова, граѓанска активистка и Цветанка Иванова, претседателка на Комисијата за информатичко општество и администрација на СДСМ.

Погледнете дел од фотографиите од маршот против нагрдувањето на Скопје направени од фотографот Ванчо Џамбаски: