[Галерија] Прошетка низ Северна Кореја преку приказните на тројца бегалци

Поранешни жители на Северна Кореја, кои сега живеат во Јужна Кореја или Велика Британија, зборуваат за својата татковина преку секојдневните фотографии кои режимот дозволува да бидат видени.

„Пјонгјанг се претвораше во апсолутен хаос за време на сообраќајниот шпиц“, вели Канг Џимин, кој го напуштил главниот град за да се пресели во Велика Британија во 2005. „Имаше крадци кои се обидуваа да крадат од патниците и се сеќавам дека се нервирав што често снемуваше струја и автобусите не работеа“.

„Сообраќајна полицајка во Пјонгјанг. Се сеќавам колку ми изгледаа чудесно кога бев мал, особено во пубертетот“, вели Канг.

„Знаете ли зошто Пјонгјанг изгледа прекрасно навечер? Бидејќи градските власти знаат каде да ги свртат светлата за да изгледа најдобро“, вели Ким Џун-хјок, кој се преселил во Сеул во 2014 година.

„Се чувствувам како да гледам во јужнокорејски студент кој работи во продавница“, вели Канг. „Пред 10 години, мобилните не беа производ кој било кој може да го користи. Чинеа повеќе од 160 долари, а сметките беа огромни“, додава.

 

„Имаше период кога женските фудбалски играчи на Северна Кореја владееја во азискиот регион, но како што може да се види на фотографијата, немаат избор освен да тренираат на асфалт или на валкани школски игралишта, наместо на трева“, вели Канг.

„Ова е мобилен уред за пропаганда, вообичаено пренесуван на велосипед поради дефицитот на нафта“, вели Хан Сонг-чол, кој исто така се преселил во Јужна Кореја во 2014 година. „За време на пролетта и есента, во сезоната на берба, властите патуваат низ селските области да ги шират своите пораки“.

Јавање коњи во клубот Мирим. Ова е само за елитата, велат бегалците.

Микролесните летови од Пјонгјанг се исто така зачувани само за елитата и странските туристи.

„Хотелот Рјугионг (зградата во облик на стрелка во центарот на фотографијата) е најгрозната зграда во Пјонгјанг“, вели Канг. „Гласината е дека структурата на хотелот е со маана и не може да се отвори освен ако целата структура не се изгради одново“, додава.

Жените во Северна Кореја имаат голем товар кој мора да го носат, вели Хан. „Треба да учествуваат во пропагандни активности како оваа, да работат домаќинска работа и да учествуваат во други социјални активности“.

Севернокорејската централна зоолошка градина, близу до планината Таесонг, изгледа како неодамна да била реновирана, според Канг.