Во мирна атмосфера, со македонска традиционална музика и оро, денеска продолжи карневалот во Вевчани откако вчера полицијата ги растера граѓаните поради прекршување на мерките за групирање.
Маските изобилуваат со актуелни политичко-општествени пораки – од нападот во Американскиот Конгрес, па до коронавирусот. По вчерашното дефиле, карневалот традиционално ќе заврши со палење на маските на сред село.
Полицијата, пак, денеска е помалубројна и стои отстрана набљудувајќи го настанот.
Годинава карневалот официјално не се организираше поради пандемијата, иако тоа не ги спречи граѓани самите да ја одржат традицијата и да продефилираат со маските. Во продолжение, ви ја пренесуваме атмосферата:
Фото: Бојан Шашевски