„Скопје има еден свој посебен дух, носи своја приказна. Тажна, радосна, хаотична, меланхолична, љубовна, сеедно. Токму таа приказна која се случува постојано и насекаде околу нас, сакам да ја доловам и прикажам таква каква што е, каква и да е“.
Вака Филип Ристевски (1986) го доживува главниот град. Тој е фотограф, ориентиран главно кон уличната (street) фотографија.
Ристевски е роден и живее во Скопје, кој е негов простор за делување. Го следи како дише, како луѓето битисуваат во градот, заедно со сите урбанистички, културни и социјални манифестации низ просторот.
За Радио МОФ издвои 15 фотографии, приказни од Скопје од изминативе години: