[Галерија] Поставена мобилната болница до Инфективната клиника во Скопје

Припадниците на Армијата и професионалците од Военомедицинскиот центар ја поставија мобилната болница, која се наоѓа веднаш до Инфективната клиника, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Како што соопштија од Министерството за здравство, мобилната болница ќе има капацитет до 130 легла. Таа ќе се користи доколку има голем број пациенти заболени од новиот коронавирус кои ќе имаат потреба од болничко лекување. Мобилнaта болница ќе биде соодветно опремена и со кревети и со тушеви, тоалети и со сува врска до Клиниката.