[Галерија] Портрети што го прикажуваат реалниот однос татко-ќерка во Иран

Нафисе Мотлак е девојка од Иран и сака да фотографира. Таа сега живее во Малезија и е предавач на универзитетот „Путра“. Преку секојдневна комуникација со луѓето во Малезија сфатила дека луѓето имаат стереотипни размислувања за нејзината држава.

[Галерија] Портрети што го прикажуваат реалниот однос на татко-ќерка во Иран

Инспирирана од нејзината фрустрација и посетата на нејзиниот татко во родниот Иран, Мотрак решила да се обиде да го прикаже односот татко-ќерка преку фотографија.

„Има голем број на стереотипи за иранските мажи и жени, кои честопати ги гледаме на традиционалните медиуми. Овој проект е реакција на тоа. Ова се „вистински портрети  од Иранци“, вели Мотрак.

Со мислата дека односот татко-ќерка не е ништо поразличен од останатите држави, таа своите фотографии ги искористи за да ги прикаже различните фамилии, размислувања и класи во општеството. Татковците што се на нејзините фотографии се претставници од различни професии, од фармери до инженери. Описите што нивните ќерки ги даваат се разликуваат одејќи од заштитнички до полиберални.

Додека една девојка чиј татко бил поранешен војник вели:„Моите пријатели мислат дека тој се грижи премногу за мене, но сметам дека тој е голема поддршка во мојот живот“, друга девојка вели:„Мојот татко студирал во Европа. Затоа тој ми ја дава целосната слобода што младите од Западот ја имаат“.

Мотлак поминала речиси две недели за да опфати повеќе градови и рурални средини со цел да покаже дека „не сите Иранци се исти“. Таа сакала да покаже дека постојат татковци како нејзиниот кој ја поддржува во нејзините одлуки и ги почитува правата на жените.

2– Таткото на Фатеме е службеник. „Тој е добар татко, не знам што друго да додадам“.

3– Таткото на Катајун е пензиониран војник. „Моите пријатели мислат дека тој се грижи премногу за мене, но сметам дека тој е голема поддршка во мојот живот“.

4– Таткото на Шади е бизнисмен. „Тој во својата душа е тврдоглаво дете. Треба да умееш да се справиш со него“.

[Галерија] Портрети што го прикажуваат реалниот однос на татко-ќерка во Иран– Нивниот татко е проект менаџер. „Нашиот татко студирал во Европа. Затоа тој ни ја дава целосната слобода што младите од Западот ја имаат“.

5– Таткото на Захра е невработен. „Не знам што да кажам за него, навистина не знам“.

Извор: Slate