[Галерија] Портрети на бактериите во човечкиот папок

Уметницата Јоана Рико се здружи со група биолози со цел да го следи сложениот микробиом на папокот. За нејзината изложба, биле потребни примероци на клетки од папокот на луѓето кои учествувале во проектот. Таа создаде повеќе од 400 портрети од примероците кои ги добила, кои ќе бидат изложени во Уметничката лабораторија во Берлин.

„Овие живи слики се култура на бактерии и други живи суштества собрани од папокот на човекот. Се смета дека микробиомот на секој човек е уникатен како нашите отпечатоци“, напиша Рико.

Таа се поврза со Роб Дан и Холи Менингер од Државниот универзитет во Северна Каролина, кои воделе посебно истражување за животот во внатрешноста на папокот.