[Галерија] Поранешна адвокатка изработува минијатурен мебел

Пред две години, адвокатката Emily Boutard решила да ги следи своите соништа, така што ја напуштила својата професија и се посветила на изработка на минијатурен мебел и да учи архитектура. Таа вели дека ја обожава историјата на архитектурата и конзервацијата. Најголем дел од нејзината инспирација доаѓа од книги со шеми за изработка на мебел од 19 век и историски текстови. Минијатурните фигури ги промовира на својот Инстаграм профил.