[Галерија] Полу-карантинска ноемвриска вечер во Охрид

Десетина минути пред 21 часот, персоналот на кафулињата во центарот на Охрид започна да ги прави последните подготовки за нивно затворање среде магловитата ноќ. Тие, со последната одлука на Владата, заедно со рестораните смеат да работат до 21 часот, освен ако вршат достава и шалтерска продажба на храната.

По нивното затворање, во центарот на градот единствено во очи паѓаа неколкуте отворени продавници и еден постар човек кој продаваше костени. Дополнително, на терен, веднаш по затворањето на кафулињата можеше да се забележи екипа на Државниот пазарен инспекторат кој патролираше од центарот кон чаршијата.

Очекувано пак, споредено со претходно, сега позабележителен беше декорот на лицата на охриѓани, маската, која стана задолжителна на отворен простор пред една недела.

Радио МОФ синоќа го посети центарот на Охрид нешто по 21 часот. Ова се впечатоците.

На терен беа и екипи од Државниот пазарен инспекторат

Кејот на Охридското Езеро беше раздвижен

Мартин Колоски