Фотографиите на Антон Перич од „Макс Канзас Сити“ не’ навраќаат во времето кога Деби Хери беше келнерка, а писателот Вилијам Бароуз, фотографот Роберт Мeплторп и уметникот Енди Ворхол редовни гости во овој локал, пишува dazeddigital.
Цела декада „Макс Канзас Сити“ владееше со Њујорк, при што стана главно место за јадење, пиење, танцување, забава… Мики Раскин во 1965 година отвори ноќен клуб и ресторан, привлекувајќи таленти како Ален Гинсберг, Вилијам С. Бароуз и Роберт Раушенберг. Но, кога Енди Ворхол и неговата дружина почнаа да излегуваат тука, набрзо „Канзас Сити“ стана местото „каде треба да се биде“. Музичарите Дејвид Боуви, Иги Поп и Лу Рид беа постојани гости, заедно со ѕвезди на Ворхол како Кенди Дарлинг, Џеки Куртис и Холи Вудлон.
Во 1970-те години, хрватскиот емигрант Антон Перич стигна во локалот од Париз. Како активист од група на Летризмот, за време на револуцијата од 1968-ма, Петич беше авангарден филмејкер. Наскоро во 1972 година Перич стана дел од екипата од локалот, вклучувајќи ги и Карлос Фалчи, менаџерот Ерик Емерсон, но и келнерката Деби Хери, чие присуство го избегнуваше.
Фотографот најдобрите дела ги направи длабоко во ноќта, иако понекогаш во „Канзас Сити“ било невозможно да се каже дали е ден или ноќ.