[Галерија] Поглед од вртоглави височини

Некои луѓе буквално сакаат да живеат на работ. Модерниот, лесен фотоапарат и големата (понекогаш нелегална) желба за авантура создаде урбано истражување и искуство за кое повеќето луѓе не можат ни да го замислат. Трендот наречен „качување на покрив“ (Rooftopping), ги зафати илјадници фотографи, кои се искачуваат на врвот од највисоките светски облакодери за неограничена и птичја перспектива кон улицата надолу. Сепак, овој тренд има и негативна страна, односно во 2015 година е зголемен бројот на смртни случаи поради паѓање од височина при селфи.