[Галерија] Поддршка за Протестирам и Шарената револуција од Љубљана

Со сликата на обвинителката Фатиме Фетаи и транспаренити на кои пишуваше „Шарена револуција против фикус Аболиција“, „#Протестирам“, „Нема да ви поне“, вчера во паркот Тиволи, во Љубљана, повторно имаше протестен собир на македонски граѓани за поддршка на Протестирам и Шарената Револуција.

Целта на собирот беше јавно изразување поддршка за оние кои неуморно протестираат секој ден во повеќе градови низ Македонија.