[Галерија] Под силно полициско обезбедување започна протестот пред Влада

„Како си гледате децата“, „Оставка“, „Сите наулица“ извикуваат граѓаните кои повторно се собраа пред Владата по ескалирањето на синоќешниот протест поради полициската бруталност.

Ккао што јавува репортерката на Радио МОФ, полицијата ја блокираше улицата пред Владата и не им дозволува пристап на демонстрантите. Граѓаните пак се револтирани и велат дека имаат уставно право да протестираат. Дел од полицијата со кордон ги опколи граѓаните кои сакаа да се придвижат кон Фонтаната во Парк.

Активисти делат флаери со насоки до граѓаните за како да се однесуваат на насилни протести. Владата е под силно полициско обезбедување.

Во вчерашните протести беа повредени десетици лица откако неколку илјади демонстранти излегоа пред Владата револтирани од обидот на власта да ја сокрие вистината околу убиството на Мартин Нешковски, пред 4 години.