[Галерија] Победниците на светскиот натпревар за најдобро декориран аквариум

Од 1990-тите години, група на уметници и ентузијасти ја популаризираат техниката на декорирање на аквариуми, наречено „aquascaping“, преку натпревар за најдобар дизајн.

Користејќи само природни елементи, аквариумите ги создаваат со години, за уметникот да биде сигурен дека сите растенија и животни во него ќе живеат во хармонија, а истовремено и ќе успее да достигне голема листа на естетски критериуми.

Повеќе од 2000 учесници од околу 60 држави се пријавиле со свој дизајн за овогодинешниот натпревар (International Aquatic Plants Layout Contest).

Победникот за 2016 година е Такајуки Фукада, кој ја однел титулата дома и минатата година.

0014_pc