[Галерија] Победниците на натпреварот за смешна фотографија од дивиот свет

Лисица со главата заробена во снегот, чита што го почитува законот и насмеана зебра, се дел од победничките фотографии на овогодинешниот натпревар за најсмешна фотографија од дивиот свет.

Победниците беа избрани од илјадници учесници, поради нивната комбинација на фотографски вештини и совршениот тајминг на одредена смешна ситуација.

Но, постои и сериозна порака позади секоја забавна фотографија, односно, нивната цел е да ја подигнат свеста за важноста на глобалните напори за зачувување.

Судијата на жирито, Том Сулам рече: „ Животните можат да те насмеат без да знаете зошто. Тоа е антропоморфното однесување.

„Исто така, постои широк спектар на животни, од толку многу земји, така што навистина се подигнува свеста за зачувување на глобално ниво“, додава тој.

На натпреварот се пријавиле учесници од Аргентина, Шведска, САД, Унгарија, Австралија, Русија, Кина и Јужна Африка.

Во продолжение, може да ги погледнете победниците.