[Галерија] Победниците на натпреварот за најдобра еколошка фотографија

BMC Ecology Image натпреварот за најдобра фотографија со еколошка порака се одржува секоја година, а е организиран од истиоимениот научен весник. Најдобрите фотографии на овогодинешниот конкурс го покажуваат биодиверзитетот, природната убавина и биолошките интеракции на видовите, фотографирани од еколози низ целиот свет.

Главна награда: Давиде Гиљо од Перси Фицпатрик Институтот на Универзитетот во Кејп Таун

„Впечатливиот пејзаж во Кгалагади паркот за време на изгрејсонцето. Овој јужноафрикански парк го карактеризираат огромни полиња со црвени дини, ретка вегетација и ретки дрвја“, вели Гиљо.

Прва награда: Андреј Гиљов од Државниот универзитет на Русија во Санкт Петерсбург

Саига антилопата е критично загрозен вид, кој живее во оштетен и ранлив екорегион. Нивните бројки се намалени поради лов за нивното месо и рогови, а опаднаа на околу 50000 денес. Во 1970-тите ги имало повеќе од милион.

Втора награда: Раф Аертс, Универзитетот на Лувен, Белгија

Мала птица, адаптирана на брзиот живот во кампусот на универзитетот, решила да изгради гнездо под седиштето на паркиран велосипед.

Победник во категоријата бихејвиорална и физиолошка екологија: Марко Зенатело, Италијански национален институт за заштита на околината и истражување

„Ја направив оваа фотографија во центарот на Чивава, Мексико, каде неколку птици пееја на покрив. Оваа птица се натпреваруваше со другите мажјаци без да обрати внимание за гужвата на улиците долу“.

Победник во категоријата екологија, зачувување и истражување на биодиверзитет: Елин Видевал, Универзитетот Лунд, Швајцарија

„Интригантната врска меѓу овој вид бумбар и Aconitum lycoctonum е прекрасен пример за коеволуција. Бумбарот е специјално прилагоден да се храни од големите цветови и постои само таму каде што тие никнат. И цветот исто така, зависи од бумбарот за опрашување“.

Победник во категоријата пејзажи и екосистеми: Делфин Ренард, Универзитетот на Калифорнија, Санта Барбара

„Овој поглед од птичја перспектива направен во Колумбија е направен со дрон. Не само што овие геометриски структури се визуелно интересни, се појавиле преку фасцинантен еколошки процес – благодарение на црвите“.

Победник во категоријата заедница, население и макроекологија: Џулија Спат, Универзитетот Кембриџ во Лондон

„Нуркав во лагуна во Суданското Црвено Море кога ненадејно ме опкружија стотици делфини. Јатото остана неколку часа, видливо уживајќи во друштвото на нуркачите во водата“.

Победник, избор на уредникот: Сезар Гарсија, Универзитетот во Лисабон, Португалија

„Природата создава фасцинантни шари – како прецизната геометрија на пердувите на големиот точкест клукајдрвец“.