[Галерија] Победниците на натпреварот International Aquatic Plants Layout

Меѓународниот натпревар за аранжирање на водени растенија го слави уредувањето на аквариуми како уметничка форма.

За да се уредат овие огромни аквариуми, потребни се години и години подготовка, а тие се фокусирани речиси целосно на естетскиот приказ на растенијата, со користење само природни елементи.

Уметноста наречена aquascaping сé уште е непозната „дисциплина“ за повеќето луѓе. Основана е во 90-тите, а за нејзин основач се смета јапонскиот фотограф на диви животни Такаши Амано. Годишниот натпревар оттогаш е многу попопуларен и има сé повеќе натпреварувачи. Годинава, има 2545 учесници од 69 земји.

Бодувањето на секој аквариум се основа на шест критериуми: рекреирање на природно живеалиште на рибата, технички вештини на дизајнерот, долгорочно одржување на живеалиштето, оригиналноста и впечатливоста на изгледот, орезентацијата на природниот изглед и севкупната композиција и балансирањето на растенијата.

Оваа година, добитник на главната награда е Такајуки Фукада од Јапонија, со неговиот аквариум наречен Longing.

aquarium-4

aquarium-5

aquarium-7

aquarium-12 (1)

aquarium-8

Извор: Colossal