[Галерија] Победници на фото-конкурсот организиран од National Geographic

Кит со неговото новороденче и тим од нуркачи се дел од фотографијата која годинава ја доби Гранд при наградата на фото-конкурсот National Geographic Traveler.

Оваа фотографија беше избрана за победничка покрај 17 000 други фотографии кои учествувале во конкурсот. Според National Geographic, фотографот Anuar Patjane Floriuk ја направил фотографијата покрај Roca Partida, остров во близина на брегот на Мексико.

„Сликата не беше планирана“ вели Floriuk.

„Фотографирав во близина на главата на китот, кога одеднаш почна да плива кон тимот што нуркаше. Нуркачите му дадоа простор на китот, а јас фотографирав кога композицијата изгледаше добро“.

Во продолжение, погледнете ја фотографијата која ја освои првата награда на фото-конкурсот, како и останатите победници.