[Галерија] Перфектна бура во чаша за кафе

Иако има многу бури во чашите за чај и кафе во ерата на интернет, барем во фигуративна смисла, дизајнерката од Брклин Victoria Siemer ги направи да изгледаат како да се реални.

Таа својата работа ја нарекува „манипулации во чаша“, и за неа ова претставува одличен креативен почеток на денот.

„Си играв со Фотошоп и идејата за микрокосмосот, замислувајќи универзум во мојата чаша. Како ова се развиваше, го додадов океанот“, вели дизајнерката.