[Галерија] Пензионери во Лисабон создаваат улична уметност

LATA 65 е иницијатива која ја поврзува уметноста со повозрасните жители на Лисабон и релативно младата уметничка форма – графити.

Преку работилници, присутните ја учат историјата на уличната уметност правејќи свои матрици и етикети, со цел на крајот да ја применат нивната работа преку мурали низ градот. Овие акции претежно се спроведуваат во запуштените делови на Лисабон и секој нов уметник е потпомогнат од познати улични уметници.

Целта на LATA 65 е да се оттргнат многу клишеа кои доаѓаат со уличната уметност така што ќе се прошири публиката и учесниците. Преку запознавање на уметноста со графити со друга група на уметници, проектот цели кон тоа да се создаде солидарност меѓу сите групи вклучени во создавање шарени дизајни низ градот.