[Галерија] Оптички илузии на Erik Johansson

Уметноста на шведскиот мајстор за фотошоп Erik Johansson е веќе добро позната и долго време го одржува своето влијание. Причината поради тоа се можеби неговите фотографии кои се сметаат за едни од пореалистичните и збунувачки илузии кои сме ги виделе некогаш, пишува порталот Bored Panda.

Johansson се занимава со фотографија, но и со фотошоп. Убавината во неговата работа е тоа што дури и професионалните дела претставуваат уметност. Тој стана познат уште во неговите студентски денови како компјутерски инженер со помош на неговите креативни манипулации.