[Галерија] Од Влада, до Суд и Собрание – протест и денеска во 6 часот

Обединети под паролата „Збогум Никола“, со скандирање „Оставка“, „Нема правда, нема мир“, „Долу диктатурата“, демонстрантите и денеска во 6 часот се собраа пред Владата.

Како што изјави активистката Билјана Гинова, протестите ќе продолжат секој ден во 6 часот попладне, се додека не бидат исполнети барањата на демонстрантите.

Граѓаните од движењето „Протестирам“ ги повторија своите три главни барања : Оставка и преземање одговорност на Владата, итно ослободување на притворените во протестите, како и формирање на Влада која ќе ја врати демократијата во институциите.

Од Владата, насобраните граѓани ќе се упатат кон скопскиот Основен суда, каде, како што повтори Гинова, ќе побараат ослободување на притворените активисти и студенти во бранот протести кои започнаа на 5 мај.

Како што претходно соопштија од Хелсиншкиот комитет, од почетокот на протестите приведени се 42 лица, на 13 од нив им е одредена мерка притвор.

Денешниот протест, според најавите, ќе заврши пред Собранието.

Погледнете ја галеријата од денешниот протест: