[Галерија] Објавени победниците на фото-конкурсот „Скопска фото недела“

„Скопската фото недела“ која годинава се одржа во амфитеатарот на Универзитетот „ФОН“, а можеше да се следи и онлајн во своите рамки вклучуваше и предавања на експерти од светот на фотографијата, но и од националната фотографска и кинематографска сцена.

Предавањата вклучуваа часови од фотографите Томислав Георгиев, Влатко Рафески, Ани и Дими, Кристијан Теодоров, Ангел Анеловски, „Two Clicks“ и „3D Baba“. Присутните можеа директно да поставуваат прашања, како и да експериментираат со своите објективи.

Победничката фотографија на Кристина Нановиќ

Оваа година, во рамките на „Скопската фото недела“ беше објавен и конкурс за најдобра фотографија на Скопје. Организаторите известуваат дека на конкурсот пристигнале 1200 апликации од кои 800 биле објавени на хаштагот #SPW2020.

Од „Скопската фото недела известуваат дека добитничка на првата награда е Кристина Нановиќ со фотографијата „Early morning“, додека добитник на втората награда е Александар Стојчевски за фотографијата „ЕВН“.

Александар Стојчевски – „ЕВН“

Добитник на третата награда е Александар Атанасовски за фотографијата „Рибарот под камениот мост“, а добитничка на посебната награда за „инста фотка“ е корисничката @anemichaela и нејзината фотографија од ГТЦ.

Александар Атанасовски

Во продолжение погледнете и дел од посебната селекција на дополнителни фотографии во рамки на конкурсот, кои во целост може да ги погледнете тука .