[Галерија] Обележувачи за книги инспирирани од секојдневниот живот

Тим од креативци кои обожаваат да читат, добиле идеја да создадат уникатни обележувачи на книги, со цел да создадат нешто што ќе додаде стил на секоја книга што се чита. Обележувачите се изработуваат ласерски и се метални, потоа рачно се полираат, се обликуваат во одредена форма и се поминуваат со трајни бои.

„Ние избираме слики и симболи кои значат нешто за нас. Може да биде живот или поп култура. Тие создаваат емоција кога отворате книга што сте ја оставиле. Тие мамат насмевка кога некој гледа во книгата што ја читате. Читањето е добро за вас, читајте со стил“, велат тие.