[Галерија] Нов вулкански остров во Тихиот Океан

На помалку од педесет километри северозападно од главниот град на државата Тонга е формиран нов остров.

Најновиот остров на Земјата беше формиран по ерупцијата на блискиот вулкан Hunga Tonga, во декември на југот на Пацификот. Засега островот останува безимена карпеста маса, а според научниците тој нема да опстои уште долго поради силната вулканска активност.

Помалку од десет лица досега се симнале на овој остров за да ги истража десетината пештери. Локалните жители се надеваат дека местото ќе стане туристичка дестинација, но сега за сега на малиот вулкански остров се уште неистражена територија.