На 12 септември 2020 година во организација на Аероклубот Скопје се одржа Падобрански куп „Скопје 2020“ во прецизно слетување. На натпреварот учествуваа дваесетина падобранци кои се обидуваа да стигнат поблиску до целта.
Победник на натпреварот беше ветеранот Антонио Гулевски кој своето водство го круниса со два поени во последниот скок. По него следеа Иван Спиридоновски и Лубомир Нетков.
„Одржувањето на натпреварот беше битно за да се одржи континуитетот на падобранските скокови во ова време-невреме.“ изјави директорот на натпреварот Драги Рајчин.
Натпреварот беше одржан под покровителство на Градот Скопје, Аероклубот Скопје и приватни ентузијасти.
Со организирање на натпреварот за прецизно слетување се унапредува падобранството и афирмираат воздухопловните спортови во Македонија.
Поради мерките на претпазливост натпреварот се одржа во рамки на клупските членови и со директна покана.