[Галерија] National Geographic ги објави најдобрите фотографии направени од деца

На натпреварите за најдобра фотографија направена од дете на National Geographic (интернационален и посебен за САД), биле пријавени речиси 18000 фотографии, кои ја покажуваат детската перспектива на светот и природата.

Главната награда ја доби Senne Malik, 13, Холандија, за фотографија на која е прикажан скакулец кој јаде лист од сончоглед.

Главната награда на натпреварот во САД ја добил Logan Wagner, 12, со сликата од висечки мост во Северна Каролина.

Тринаесетгодишниот Chase Rodi од САД е награден во „Чудно, но вистинито“ категоријата, со фотографија од термален базен во Националниот парк Јелоустоун.

Награда во истата категорија добил 11-годишниот Tadhg Verdier од Ирска, со фотографија од неговата помала сестра.

Игуана во Бали му помогнала на 8-годишниот Julij Kopulovic од Словенија да добие награда во категоријата „Неверојатни животни“.

Henry Downing од САД е награден во категоријата „Луд одмор“, со фотографија од International Balloon Fiesta во Албакерки, Ново Мексико.

За категоријата „Осмели се да истражуваш“ е наградена Radostina Georgieva Todorova, осумгодишно девојче од Бугарија, за фотографија од тунел.

Награда на американскиот натпревар во категоријата „Неверојатни животни“ добила 9-годишната Kathryn Kovacic, за нејзината фотографија од зелена змија замотана на гранка од дрво.

Madison Bell, осум години, од Џорџија, е наградена во категоријата „Луд одмор“ на натпреварот во САД за оваа фотографија од сурфер.

Интернационалниот победник во категоријата „Луд одмор“ е Zhixuan Wu, 12-години, со фотографија од дете во поле со ориз.

Дванаесетгодишната Emily Crofoot од Калифорнија е наградена на американскиот натпревар во „Осмели се да истражуваш“ категоријата.

Фотографија од авион кој прелетува пред месечината ѝ донела награда на 13-годишната Madison Bell од Мичиген во категоријата „Чудно, но вистинито“.

Anna Henderson од Вирџинија, 12, е наградена за оваа фотографија од богомолка, во категоријата „Неверојатни животни“ на натпреварот во САД.

Интернационалниот победник во „Осмели се да истражуваш“ категоријата е Josephine Jennifer Tjahjadie, 11, од Индонезија, со фотографија од езеро.

Извор: Guardian